Германци платија 875 евра за „репарации“ на Грција
Германски пензионер и неговата сопруга станаа национални херои во Грција, откако се појавија во Градското собрание на гратчето Нафплион, на полуостровот Пелопонез и платија „репарации“ за злосторствата за време на Втората светска војна.
Лудвиг Цакаро и Нина Камп депонирале чек од 875 евра. Толку пресметале дека морало да плати секој Германец за банкротот со кој се соочува Грција.
„Го одбравме Нафплион, бидејќи бил главниот град на првата републиканската влада за време на војната за независност од Отоманската империја во почетокот на XIX век“, објаснил градоначалникот Димитрис Коцурос. „Репарациите“ се предадени на локална добротворна организација.
Левичарската влада на „СИРИЗА“ пресметала дека Берлин би требало да и компензира на Атина со 162 милијарди евра, речиси половина од грчкиот државен долг.
