Германското злато си оди дома
Германското злато се враќа дома.
Германската централна банка ги враќа домашните златни резерви во Германија.
Во Германија оваа година се вратени 200 тони злато.
Тоа до неодамна се наоѓаше во централните банки на САД и Франција.
Златото од историски причини беше во странство. Трезорите на германската централна банка (Бундесбанк) во Франкфурт се полнат со злато побрзо од планираното.
Над 3000 тони злато имала Германија во Њујорк, пишуваа медиумите лани.
Првиот човек на Бундесбанката, Карл-Лудвиг Тил, за германската агенција ДПА изјави дека процесот на собирање на златото се одвива „согласно временскиот план“. Банката почна да го собира златото во 2013 година.
Слично
