Германско-американски конзорциум купи 75% од косовскиот Телеком
Косовската влада ја одобри продажбата на 75% од акциите на „Телеком Косова" на конзорциумот од германската компанија „Axos GMBH“ и американската “Najafi Companies“, кој понудил највисока цена од 277 милиони евра, објави српската телевизија РТС.
Се очекуваше дека „Телеком Косова" ќе биде продаден најмалку за 300 милиони евра. Мнозинството од работниците во „Телеком Косова" се против приватизацијата на компанијата, а на протестот поради корупцијата организиран неодамна, тие побараа оставка на министерот за економски развој Бесим Бечаи.
На денот кога Владата ја одобри продажбата на Телекомот, лидерот на опозициското движење Албин Курти побара од премиерот Хашим Тачи и министерот Бечаи да ги објават имињата на акционерите кои го имаат купено косовскиот Телеком. Тој испрати и писмо до медиумите, во кое пишува дека конзорциумот „Axos-Najafi“ е многу сомнителен.
Слично
