Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германските весници пред банкрот, Меркел вика: Читајте, добро е!

Германските весници пред банкрот, Меркел вика: Читајте, добро е!

Германскиот канцелар Ангела Меркел преку видео порака изрази поддршка за печатените медиуми од каде во изминатите денови пристигнуваат информации за банкрот на угледни дневни весници.

„Сметам дека печатените медиуми се многу важни“, истакна Меркел во својата неделна видео порака и додаде дека да се чита е различно од сурфањето на интернет. Меркел истакна и дека нејзината Влада и понатаму ќе поддржува проекти за читање весници пред се за младите луѓе, но и останати проекти во кои постои можност за понатамошен развој на печатени медиуми кои како што вели имаат голема улога во процесите на демократизацијата.

Изјавата на Меркел беше дадена откако медиумите јавија дека Фајненшел тајмс Дојчланд е пред згаснување, а Франкфуртер рудншау прогласи стечај.

Слично

Поврзани вести