Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНСКИТЕ СКЛАДИШТА ЗА ГАС СЕ ИСПОЛНЕТИ ПОВЕЌЕ ОД 80 ОТСТО: Северен тек 1 работи со капацитет од 20 проценти

ГЕРМАНСКИТЕ СКЛАДИШТА ЗА ГАС СЕ ИСПОЛНЕТИ ПОВЕЌЕ ОД 80 ОТСТО: Северен тек 1 работи со капацитет од 20 проценти

Зголемувањето на резервите на природен гас е клучен фокус на германската влада откако Русија ја нападна Украина, за да и помогне на земјата да избегне прекини во индустријата поради зголемената побарувачка во текот на зимата.

Германските складишта за природен гас сега се полни повеќе од 80 отсто, што укажува на постојан напредок и покрај драстичното намалување на испораките од Русија во времето на агресијата против Украина.

Според објавените податоци, магацините за гас во Германија, најголемата европска економија, се полни 80,14 отсто, пренесува Бета.

Германските власти наведуваат дека складиштата за гас „постојано се полнат“, но предупредуваат дека тридневната суспензија на испораките преку гасоводот Северен тек 1 од Русија, планирана за следната недела, „би може привремено да ја забави“ таа активност.

Северен тек 1 работи со капацитет од 20 проценти

Германските складишта за гас беа полни речиси 56 отсто кога рускиот државен Гаспром почна да го намалува снабдувањето преку гасоводот Северен тек 1 во средината на јуни.

Русија тогаш како причина за намалувањето ги наведе техничките проблеми, што германските власти го отфрлија како изговор за демонстрација на руската политичка моќ.

Гаспром минатата недела објави дека гасоводот ќе биде затворен од 31 август до 2 септември поради „рутинско одржување“ на компресорската станица.

Пред еден месец германската влада ги заостри условите за пополнетост на магацините, воведувајќи обврска до 1 септември тие да бидат исполнети 75 отсто, до 1 октомври 85 отсто и до 1 ноември 95 отсто.


Слично

Поврзани вести