Германските работници ќе добијат бонус
Бонус ќе има за работниците во Германија.
Право на бонусот на крајот на годината ќе имаат 87,2 отсто од сите вработени според основниот колективен договор. Исплатата во просек изнесува 2.677 евра, што е зголемување од 1,9 отсто во однос на претходната година. На запад просечниот божиќен бонус од 2.695 евра е за околу 5,5 отсто поголем отколку на истокот, каде се исплаќаат 2.554 евра, пишува Феникс-магазин. Колкава ќе биде висината на бонусот зависи од индустријата во која работи лицето.
Исплатата на божиќниот бонус е различна во одредени сектори, а „надпросечниот божиќен бонус“ ќе се исплати во секторот за кокс и преработка на минерални масла. Вработените во тој сектор, согласно колективните договори, добиваат просечен божиќен бонус од 5.651 евра.
