Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германските компании ќе ги поскапат производите

Германските компании ќе ги поскапат производите

Германските компании размислуваат за зголемување на цените на своите производи, покажуваат резултатите од мајското истражување на Институтот ИФО од Минхен.

Објаснувањето е дека голем број компании зголемениот трошок за набавка го пренесуваат на цената на крајниот производ. Растот на цените е актуелен во трговијата на големо. 

„Зголемувањето на цените делумно е резултат на напорите да се компензира претходното намалување на цените за време на кризата со коронавирусот“, изјави раководителот на истражувањето Клаус Волрабе.

Скок на цените има во преработувачката индустрија, во секторот малопродажба и услуги и трговијата на мало. 

Слично

Поврзани вести