Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германските бизнисмени со мешани впечатоци од македонската економија

Германските бизнисмени со мешани впечатоци од македонската економија
Позитивна е економската состојба во Македонија, оцениле 57% од германските бизнисмени кои имаат бизниси тука. Сепак, најголемиот дел од нив се незадоволни од платежната дисциплина, правната сигурност, ефикасноста на јавната администрација и транспарентноста на јавните набавки, покажаа резултатите од анкетата спроведена од Стопанската комора на Германија во Македонија. Анкетата е спроведена на 170 компании членки на Македонското- Германското Стопанско здружение. „Проценката на актуелната економска состојба во Македонија дава позитивни сигнали. 85% од испитаните компании повторно би инвестирале во Македонија. При оценување на изгледите на македонската економија повторно се покажа дека нашите компании веруваат во Македонија“, изјави Михаел Дикамп, претседател на Македонско Германското Стопанско Здружение. Македонија е една од малкуте земји, кои со Германија имаат трговски суфицит, со оглед на постоечките и најавени германски инвестиции очекува оваа тенденција да продолжи, смета неговиот колега Мартин Кнап, директор на Стопанската комора на Германија во Македонија. „Подобрената инфраструктура ќе допринесе за да се зголеми атрактивноста на Македонија како место за инвестиции и со тоа ќе се поттикне ангажманот на германското стопанството во форма на нови инвестиции“, вели Кнап. Ако се споредат резултатите со минатогодишното истражување во кое само 8% од германските компании во Македонија ја оценувале економската состојба како добра, а дури 42% како лоша овогодинешните резултати претставуваат значително подобрување.
Слично

Поврзани вести