Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ОРУЖЈЕ РАЈНМЕТАЛ: Ќе имаме силен раст на приходите поради војната во Украина

ГЕРМАНСКИОТ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ОРУЖЈЕ РАЈНМЕТАЛ: Ќе имаме силен раст на приходите поради војната во Украина

Германскиот производител на оружје Рајнметал потврди дека поради војната во Украина и најавените инвестиции во Бундесверот, очекува силен раст на приходите оваа година, по стагнацијата во првиот квартал.

Нивниот приход бил на ниво на истиот период лани и изнесувал 1,3 милијарди евра. Консолидираната оперативна добивка пораснала за 10 отсто, на 92 милиони евра. Нето добивката пораснала за 52 отсто, на 61 милион евра.

Побарувачката расте и се зголеми за четири пати во одделот за артилерија и муниција, достигнувајќи 1,1 милијарда евра, поради големата нарачка на муниција од Унгарија, „тешка“ неколку стотици милиони евра, велат од компанијата Рајнметал.

-Компанијата сè уште очекува приходите да скокнат од 15 до 20 отсто оваа година, под услов владата да ги стави на располагање најавените 100 милијарди евра за модернизација на Бундесверот, со програма за вооружување која треба да трае неколку години, рече извршниот директор Армин Папергер.

Набргу по руската инвазија на Украина, Рајнметал објави список на воена опрема, вклучувајќи тенкови, камиони и муниција, кои ќе бидат достапни релативно брзо, надевајќи се дека германската влада ќе купи барем дел од тие производи.

Со оглед на заканата од Русија, Рајнметал очекува повеќе нарачки и од странство. Германскиот производител на оружје се надева дека ќе и достави на Украина оклопни транспортери Мардер и борбени тенкови Леопард, кои се стари, но можат да се модернизираат, забележуваат тие.

ФОТО: EPA

Слично

Поврзани вести