Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германскиот претседател го призна ерменскиот геноцид

Германскиот претседател го призна ерменскиот геноцид

Германскиот претседател Јоаким Гаук го опиша како „геноцид“ масакрот на Ерменците од страна на Отоманската империја во 1915 година.

Зборовите на шефот на државата речиси сигурно ќе предизвикаат скандал во Турција, објави „BBC“.

Гаук зборувал за време на дебата во парламентот токму по ова прашање, во пресрет на 100-годишнината од трагедијата која се одбележува денес.

Претходно ерменската црква канонизира 1,5 милиони Ерменци, кои „биле убиени за време на масакрот во Османлиската Империја во Првата светска војна“.

Турција го оспорува терминот „геноцид“, тврдејќи дека имало многу жртви и од двете страни на конфликтот.

„Судбината на Ерменците треба да служи за илустрација во историјата на масовните убиства, етничко чистење, раселување и да, тоа е геноцидот. За жал 20 век започнува токму со оваа трагедија“, коментирал Гаук.

Шефот на државата додаде дека Германците исто така носат „некаква одговорност“ и „во извесна смисла се соучесници“ во „геноцидот над Ерменците“.

Германија е сојузник на Отоманската империја за време на Првата светска војна.

Слично

Поврзани вести