Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германскиот извоз забележал најголем пад од 2009 година

Германскиот извоз забележал најголем пад од 2009 година

Според најновите податоци на Државната статистичка служба, германскиот извоз во мај годинава забележал најголем пад на месечно ниво од крајот на 2009 година, додека увозот се зголемил.

Извозот, што инаку е главна потпора на најголемата европска економија,  во мај се намалил за 2,4 отсто во однос на претходниот месец, покажале податоците на Дестатис. Ова е последица на кризата во еврозоната, но и на забавувањето на кинеската економија, сметаат економистите.

На годишно ниво германскиот извоз се намалил за 4,8 отсто, а во еврозоната “потонал“ за 9,6 проценти во однос на истиот период од лани. Германија извезла помалку добра и услуги во воневропските држави со пад на вредноста на извозот за 1,6 отсто.

Владата во Берлин очекува дека оваа година извозот ќе биде товар за БДП и затоа главниот поттик за економскиот раст се очекува од личната потрошувачка, што пак е поддржана од повисоките плати, силниот пазар на труд и умерената инфлација.

Оттука растот на увозот во мај за 1,7 отсто на месечно ниво се толкува како добра вест бидејќи сугерира дека Германците купуваат повеќе производи од странство. На годишно ниво увозот се намалил за 2,6 отсто.

Слично

Поврзани вести