Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германскиот инвеститор STS Textiles ќе вработи 1000 луѓе во Велес

Германскиот инвеститор STS Textiles ќе вработи 1000 луѓе во Велес

Во Велес ќе биде реализирана странската инвестиција на STS Textiles, компанија од Германија, која планира да ја обнови и рестартира поранешната Свилара со тоа што ќе вработи 1000 луѓе.

– 1000 семејства ќе најдат сигурна егзистенција и место за работа. Ова ќе биде браунфилд инвестиција, односно капацитетите на компанијата ќе бидат сместени во поранешната фабрика Нонча Камишева, или позната како поранешната Свилара во Велес, која како и многу други беше уништена во болната транзиција од која без работа останаа илјадници граѓани. Денес ние успеваме пропаднатите капацитети да ги претвораме во успешна приказна. Свиларата во Велес ќе биде успешна фабрика во која ќе биде сместена германската STS Textiles која ќе извезува производи од индустриски текстил за автомобилската и техничка индустрија во земји како Германија, Полска, Италија и Франција, соопшти Никола Груевски. 

STS Textiles е компанија која била прогласена Топ 100-те иновативни компании во Германија. За нејзинот привлекување се погрижил владиниот економски тим од Климент Шекеровски, директорот на Агенцијата за странски инвестиции, а во преговорите биле вклучени и министрите Владимир Пешевски и Џери Наумоф.


Слично

Поврзани вести