Германски „Техникал текстил“ ќе инвестира во Штип
Германската компанија „Техникал текстил“ најавува дека ќе отвори фабрика и 500-600 нови работни места во индустриската зона кај Штип. Одлуката за инвестирање била веќе донесена, а германските инвеститори вечерва имаа средба и со премиерот Никола Груевски.
Не се исклучува можноста, во подоцнежна фаза, бројот на вработени во оваа фабрика да се зголеми. Сопственикот на компанијата Џенс Вандланд вели дека реализацијата на инвестицијата се очекува да започне во август оваа година.
Според првичните проценки, инвестицијата на германската компанија во ТИРЗ Штип ќе изнесува околу 12 милиони евра.
Слично
