Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германски стопанственици се запознаа со македонските инвестициски можности

Германски стопанственици се запознаа со македонските инвестициски можности

Работна средба со германски стопанственици денеска имаше вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на која ги претстави инвестициските можности што ги нуди Република Македонија со посебен акцент на секторот енергетика, условите во технолошко-индустриските развојни зони и брзите, ефикасни постапки за отворање и водење бизнис кои ја рангираат Македонија меѓу државите со најниски трошоци на ова поле во Европа.

- Реализирање што поголем број странски инвестиции преку континуирано унапредување на условите за водење бизнис и постојани средби и состаноци со бизнис заедницата и овозможува на државата дополнително да ги развива бизнис можностите за компаниите во Република Македонија, рече Пешевски на средбата.

На работниот состанок присуствуваа и министерот задолжен за странски инвестиции Бил Павлевски, амбасадорот на Сојузна Република Германија во Република Македонија Гудрун Штајинакер, директорите на Стопанска комора Нинберг за централна Франконија и Стопанска комора на Германија во Македонија и претседателот на Македонско- Германското стопанско здружение.

Слично

Поврзани вести