Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНСКИ ШАМАР ЗА АМЕРИКА: „Северен тек 2“ се гради и покрај санкциите

ГЕРМАНСКИ ШАМАР ЗА АМЕРИКА: „Северен тек 2“ се гради и покрај санкциите

Секретеријатот за пловидба и хидроенергија на Германија го одобри барањето на комапнијата „Норд стрим 2“ за поставување на гасоцод во германските води во зимскиот период.

„Германската служба за бродоизградба и хидрографија ја одобри изградбата на гасоводот за да се заврши делот „Северен тек 2“ од 16,5 километри во зимските месеци“, се вели во документот.

Министерството истакна дека барањето е направено од компанијата„Норд стрим 2“ на 23 септември, пишува Спутник.

На 21 декември, Министерството за финансии на САД објави санкции против цевководите на Северен тек 2 и Турски тек.

Соединетите држави побараа од компаниите за гасоводот да го стопираат договорот како прашање на итност.

„Олзиз“, компанијата за гасовод веќе ја прекина работата.

Сепак, германскиот концерн „Унипер“, партнер на „Гаспром“ во проектот за изградба на Северен тек 2, изрази уверување дека ќе се најде начин за нафтоводот да се заврши наскоро.

Слично

Поврзани вести