Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германски ODW Elektrik ќе инвестира во охридско-струшкиот регион

Германски ODW Elektrik ќе инвестира во охридско-струшкиот регион
Нови 1.000 вработувања најавува германската компанија ODW Elektrik која ги објави своите намери да инвестира во охридско-струшкиот регион, во новата технолошко-индустриска развојна зона. Спотред првичните проценки, нивната инвестиција во Македонија ќе изнесува околу 15 милиони евра, а фабриката ќе произведува електрични инсталации за автомобили. Во потрага по место за да го шири бизнисот, германската компанија освен Македонија, ги разгледувала и Србија, Бугарија, Молдавија и Белорусија. „Решивме да инвестираме во Македонија заради квалификуваната работна сила, добрата индустриска традиција, искуството во индустријата, а друга причина беше одличната поддршка која ја добивме преку организацијата тука“, рече Лудвиг Батон, директор на ODW. Оваа инвестиција ќе започне како браунфилд, односно Германците ќе започнат да работат во постоечки индустриски капацитет, за по извесно време да градат сопствена фабрика. Во текот на наредните неколку месеци ќе ги селектираат првите 100 вработени и ќе ги пратат на обука во Германија. До крајот на годината ќе го почнат производството и потоа планираат да вработат до 1.000 луѓе. „Тоа е сериозна бројка на луѓе. Фабриката ќе ја градат во слободната економска зона Охрид- Струга на површина од 10.000 квадратни метри, која што веќе почна да се гради, а паралелно со изградбата на зоната ќе се гради и фабриката“, појасни премиерот Никола Груевски. ODW има над 2.000 вработени во своите капацитети во Германија, Унгарија и Украина,а произведува електрични инсталации за најпознатите автомобилски брендови како Мерцедес, Порше, БМВ и Фолксваген.
Слично

Поврзани вести