ГЕРМАНСКИ КОСТАЛ ПОТПИША: Инвестиција од 50 милиони евра и 1000 вработувања
Долго најавуваната инвестиција на Владата денес се преточи на лист хартија. Од германската компанија „Костал“ официјално потпишаа договор со кој најаија инвестиција од 50 милиони евра и нови 1000 вработувања.
Фабриката најпрво ќе постои како браунфилд инвестиција а од 2016 ќе се гради се најави нова изградба која ќе биде лоцирана во ТИРЗ Струга/Охрид.
Ќе се произведуваат лектронски компоненти за автомобилската индустрија.
Според извршниот потпретседател на „Костал“ Кристофер Сандерс Македнонија, поточно Охрид и Струга е она што им е потребно за нивниот иден бизнис.
Тој истакна дека пред нив е светла иднина,а во однос на активностите со фабриката рече дека со работа ќе се стартува за неколку недели а притоа а веќе на обука се ангажирани 10 вработени.
Директорот на ТИРЗ Виктор Мизо пак појасни дека „Костал“ ќе работи во објект од поранешно ЕМО од 6.000 метри квадратни кој го има земено под закуп на две години и ќе бидат ангажирани поранешни вработени од ЕМО кои ќе почнат со обука, а производството се очекува да почне на почетокот на 2016 година.
„Костал“ како компанија постои 100 години со годишен обрт од две милијарди евра. Има фабрики во 17 земји, со 16.000 вработени и во последните години двојно го зголеми својот раст и извонредно е позиционирана во автомобилската индустрија
