Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНСКИ ИНСТИТУТ РЕГИСТРИРА НАМАЛЕНИ НАРАЧКИ: Кои индустрии се најпогодени?

ГЕРМАНСКИ ИНСТИТУТ РЕГИСТРИРА НАМАЛЕНИ НАРАЧКИ: Кои индустрии се најпогодени?

Речиси 40 проценти од германските компании се жалат на недостиг на работа. 

Германскиот институт за економски истражувања IFO во Минхен објави дека во април, 37,3 проценти од компаниите пријавиле недостаток на нарачки, што е намалување во споредба со 40,2 проценти во јануари. 

Како што е наведено во извештајот, во германската машинска индустрија овој удел е сè уште висок и изнесува околу 43 проценти. Недостатокот на нарачки останува широко распространет во трговијата на големо и мало. Во трговијата на големо, малку повеќе од 61 процент, а во малопродажбата, околу 50 проценти од компаниите пријавиле недостаток на нарачки.

„И покрај малото подобрување, ова сè уште не е одржливо закрепнување“, коментираше директорот за истражување на IFO, Клаус Волрабе.

Во услужниот сектор, уделот на компаниите кои се жалат на недостаток на нарачки малку се зголеми од 31,2 на 32,2 проценти, а овој проблем е значително присутен во угостителската индустрија и кај давателите на ИТ услуги.

Советот на економски експерти предвидуваше стагнација на германската економија. Царините кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп беа наведени како фактор кој носи ризик. 

Но, Трамп вчера изјави дека се согласил да ја одложи царината од 50 отсто на увозот на производи од Европската унија до 9 јули.

foto freepik.com/weyo

Слично

Поврзани вести