Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германски генерал: Балканот мора да се држи на око

Германски генерал: Балканот мора да се држи на око

Командантот на германската копнена војска Кристијан Фројдинг при посетата на Босна и Херцеговина(БиХ) порача дека стабилноста на Балканот останува директно важна за безбедноста на Европа.

Генерал-полковникот предупреди дека тензиите во регионот би можеле да бидат инструментализирани.

„И гледаме дека постојат и други актери кои се обидуваат да остварат влијание во овој регион“, изјави Фројдинг за германската новинска агенција dpa, пренесува Дојче Веле.

Експертите со загриженост набљудуваат, на пример, како особено Русија, но и Кина, го шират своето влијание во БиХ. Тоа вклучува соработка во експлоатација на природни ресурси и енергетски зделки, а во случајот со Кина и испорака на технологија за надзор.

Германската војска во Босна и Херцеговина за тамошната мисија на ЕУ, ЕУФОР Алтеа, обезбедува 36 војници. Силите го надгледуваат почитувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој во 1995 година заврши војната во БиХ. Низ целата земја одржуваат канцеларии за врска, кои преку разговори со населението и властите служат и како систем за рано предупредување во случај на нови тензии.

Слично

Поврзани вести