Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германски дипломат: Балканот само привремено е мирен

Германски дипломат: Балканот само привремено е мирен

Поранешниот шеф на германската дипломатија, Јошка Фишер вели дека повторното појавување на „источните прашања“, може да доведе до Супер-Балкан со големи безбедносни ризици.

Европско-турските односи со децении беа длабоко противречни, но и покрај се Европа и треба на Туција и обратно.

„Дури и меѓу Европа и Турција да нема партнерство, Европа не би можела да се ослободи од последиците од геополитичкото соседство со Турција“ - пишува Фишер во колумна за Зидојче Цајтунг.

Тој пишува дека Европа од 19 век се занимава со “источното прашање“ или наследство од Османлиското царство на Балканот и на Блискиот Исток.

„Балканот е привремено смирен, во случај  додека има верба во европската иднина и Европската унија. На Блискиот Исток и Средниот Исток имаме вакуум на моќи и брз губиток на редот, војни, терор, криза, судири“ - додава Фишер.

Врв на сето ова според него би била изолирана Турција, политички осамена на маргините на Европа и Блискиот Исток, која со курдското прашање може да се дестабилизира.

Слично

Поврзани вести