Германската Влада очекува СЈО да продолжи да работи за институционално стабилизирање
Германската Влада е длабоко загрижена за најавата за аболиција на македонскиот претседател, Ѓорѓе Иванов.
Тие очекуваат принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни.
„Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството правно и политички нема да се заострува понатаму и дека јавната безбедност ќе остане сочувана. Освен тоа, Сојузната Влада се надева на брзо разјаснување на правните и политички прашања, кои произлегуваат од најавата на претседателот на државата. Од особено значење е, Специјалното јавно обвинителство, како што е предвидено со Договорот од Пржино, да може непречено да ја продолжи својата исклучително важна работа за институционално стабилизирање на државниот систем, која многу се цени од голем дел од македонското општество и од меѓународната заедница“ - се вели во реакцијата.
Додаваат дека сите партии би требало да ги засилат своите напори за создавање на минимум предуслови за избори, соодветни на европските стандарди.
