Германската влада „ги утепа“ автомобилските компании
Германскиот министер за транспорт Андреас Шојер по состанокот рече дека автомобилски компании се подготвени да потрошат и до 3.000 евра по возило за поправки на постари автомобили со дизел мотори кои емитуваат прекумерни емисии на штетни гасови.
Шојер смета дека Фолксваген, Дајмлер и БМВ се посветени на обезбедување на своите клиенти со "продолжување на мобилноста на нивните возила". Единствено само од БМВ не сакаат да ја поддржат надградба на хардвер.
Германската влада долго време врши притисок на производителите на автомобили да вршат поправки на постари возила со дизел мотори, во обид да ги смират возачи кои се лути поради зголемениот број на употреба на дизел мотори во се повеќе германски градови.
Хамбург е првиот германски град кој делумно во два урбани сектори го забрани превозот на одредени автомобили со дизел мотори.
Тој пример го следеа и други градови - Штутгарт, Франкфурт и Берлин.
Управниот суд во Келн веќе донесе одлука за забрана на дизел возила во централните делови на Келн и Бон од 1 април 2019 година.
Според одлуката, возилата со тип евро 4 од 1 април следната година нема да бидат во можност да влезат во централните делови на Келн и Бон.
