Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германската RWE и емиратската ADNOC склучија договор за испорака на гас

Германската RWE и емиратската ADNOC склучија договор за испорака на гас

Германскиот канцелар Олаф Шолц престојува во регионот на Персискиот залив, каде што се обидува да обезбеди енергетски извори независни од Русија.

Германската компанија RWE склучи договор со Националната нафтена компанија Абу Даби (ADNOC) за испорака на течен природен гас (LNG) до најголемата европска економија до крајот на декември.

Германија, до неодамна многу зависна од Русија за гас, се обидува да го диверзифицира снабдувањето со енергија откако Русија ја нападна Украина во февруари, пренесува Хина, повикувајќи се на Ројтерс.

Информациите беа објавени за време на турнејата низ регионот на Персискиот залив од страна на канцеларот Олаф Шолц, кој се обидува да обезбеди алтернативни извори на енергија.

- Мораме да се погрижиме производството на ЛНГ во светот да напредува до точка каде што може да се задоволи потребата за голема побарувачка за да не мораме да прибегнуваме кон производствените капацитети што постојат во Русија - им рече тој на новинарите пред да го објави договор.

Испораката на ЛНГ ќе изнесува 137.000 кубни метри и прво ќе биде испорачана до пловечкиот терминал за ЛНГ во Брунсбутел во близина на Хамбург.

- Ова е важна пресвртница кога изградбата на инфраструктурата за снабдување со ЛНГ во Германија и воспоставувањето на поразновидно снабдување со гас се во средината - велат од RWE.

Лидерот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед ал Нахјан, потпиша договор со Шолц кој исто така се однесува на забрзување на енергетската безбедност и индустрискиот раст.

ADNOC дополнително резервирала сè уште непозната количина ЛНГ за Германија во 2023 година, објави државната новинска агенција WAM.

По средбите во Абу Даби, Шолц отпатува за Катар.

Во саботата, тој разговараше во Џеда со престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.

Слично

Поврзани вести