Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германската инфлација најниска во последните пет години

Германската инфлација најниска во последните пет години

Инфлацијата во Германија, најголемата европска економија, забави на 0,2 одсто во декември минатата година, и тоа е најниското ниво во повеќе од пет години, во оснос на просекот од 0,9 одсто во цела 2014 година, покажуваат официјалните податоци во Берлин.

Конечните податоци на германскиот Завод за статистика ги потврдиле прелиминарните, а инфлацијата се забавила во однос на 0,6 одсто од ноември, пренесува агенцијата Франс прес.

Инфлацијата во Германија последен пат била ниска од 0,2 одсто во октомври 2009.

Според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени, кој како мерило на инфлацијата го користи Европската централна банка (ЕЦБ), инфлацијата во Германија во декември изнесувала 0,1 одсто, значајно под целта на ЕЦБ од близу два одсто.

Хрнонично ниската инфлација во европската монетарна унија поттикна загриженост дека регионот ќе потоне во дефлација, односно магичниот круг на паѓање на цените, со што се попречува економската активност и доведеува до загуба на работни места.

Слично

Поврзани вести