Германската индустрија во растечка криза! 177.000 работни места изгубени за една година: Автомобилскиот сектор најтешко погоден
Германската индустрија изгуби 177.000 работни места за само една година до декември 2025 година, што покажува зголемен притисок врз традиционално најважните сектори на германската економија кои вработуваат околу 6,5 милиони луѓе, објави денес Федералната агенција за вработување со седиште во Нирнберг.
Најголем пад е забележан во автомобилската индустрија и нејзините добавувачи, каде што се намалени 52.000 работни места, објавува Wierschaftswohner.
Дополнителни 24.000 работни места се изгубени во секторот за преработка на метали, додека машинското инженерство ја намали својата работна сила за 28.000.
Падот на бројот на вработени во индустријата продолжи во текот на 2026 година.
Претседателката на Федералната агенција за вработување, Андреа Налес, изјави на крајот на јуни дека германската индустрија во моментов губи околу 15.000 работни места месечно.
Падот на вработеноста ги одразува длабоките промени што ги претрпува германскиот индустриски модел, при што автомобилскиот сектор е особено погоден, бидејќи се соочува со премин кон електрични возила, растечка конкуренција од кинеските производители, високи трошоци за производство и послаба побарувачка на европскиот пазар, објавија германските медиуми.
Севкупно, вработеноста во сите економски сектори се намалила за 108.000. Агенцијата за вработување соопшти дека зголемувањето на работните места во другите сектори не може да ги компензира загубите во индустријата.
