Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ДРАСТИЧЕН ПАД - странската побарувачка потона двојно повеќе во однос на август

ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО ДРАСТИЧЕН ПАД - странската побарувачка потона двојно повеќе во однос на август

Нарачките во германската индустрија повторно паднаа во септември, двојно повеќе од август, што е одраз на остриот пад на побарувачката од странство, покажува статистиката.

Новите нарачки во индустријата се намалени во септември за 4 отсто во однос на август, кога паднаа за 2 отсто, откри Дестатис. Странската побарувачка потона за седум отсто, со пад од 8 отсто на нарачките од еврозоната и 6,3 отсто од остатокот од светот. Домашната побарувачка порасна за скромни 0,5 отсто.

Зголемена побарувачка за стоки за широка потрошувачка

Производителите на капитални производи во септември забележале пониска вредност на нарачките за 6 отсто, а кај средните производи за 3,4 отсто. Министерството за економија издвои пад на нарачките од 9 отсто во автомобилската индустрија и пад од 8,1 отсто во машинската индустрија. Побарувачката на стоки за широка потрошувачка е зголемена за 7,2 отсто во однос на август.

Во споредба со ланскиот септември, индустријата забележа пад на нарачките за 10,8 отсто, речиси трипати посилен од август. „Се чини дека силниот прилив на нови нарачки, кој беше поддржан од ефектите од закрепнувањето по пандемијата на корона, стивна“, забележуваат од Министерството за економија.

„Изгледите за индустријата се уште се пригушени поради високите цени на енергијата, кои сè повеќе стигнуваат до крајните потрошувачи. По неочекувано позитивниот развој на бруто домашниот производ во третиот квартал, се заканува слаб четврти квартал“, предупредуваат тие.

(Извор: Индекс.хр)

Слично

Поврзани вести