Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германската авто-индустрија го моли Трамп да не ги зголемува царините

Германската авто-индустрија го моли Трамп да не ги зголемува царините

Германската автомобилска индустрија повика на итна деескалација на трговскиот спор меѓу САД и Европската унија, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави зголемување на царините за европските автомобили.

Трамп во петокот соопшти дека од следната недела ќе воведе царини од 25 отсто за автомобили и камиони увезени од ЕУ, обвинувајќи ја Унијата дека не ги почитувала во целост трговските договори со САД. Истовремено, нагласи дека мерката нема да важи за возилата произведени во фабрики на територија на САД.

Претседателката на германската автомобилска асоцијација VDA, Хилдегард Милер, предупреди дека ваквиот потег ќе има сериозни последици.

  • -Трошоците од овие дополнителни царини би биле огромни за германската и европската авто-индустрија во веќе многу тешки услови, но најверојатно ќе ги погодат и американските потрошувачи – истакна Милер.

Таа додаде дека новите мерки би можеле дополнително да ги нарушат трансатлантските односи и да создадат нов притисок врз индустријата која веќе се соочува со високи трошоци и намалена профитабилност.

Одлуката на Трамп доаѓа во време кога европските производители сè уште се прилагодуваат на променливите трговски политики од претходниот период, кои доведоа до зголемени трошоци и намалени приходи.

Американската администрација во изминатиот период вршеше притисок врз производителите да го прошират производството во САД, наметнувајќи царини за увоз на возила и делови, дури и од земји со кои постојат трговски договори.

Голем број европски автомобилски компании веќе имаат фабрики во САД, меѓу кои Volkswagen, Mercedes-Benz, BMW и Stellantis, која произведува брендови како Jeep, Ram и Dodge.

Од здружението Autos Drive America, кое ги претставува странските производители во САД, исто така повикаа на дијалог.

  • -Последната одлука го загрозува напредокот во отворањето на пазарите. Ги повикуваме САД и ЕУ да го почитуваат договорот и брзо да најдат решение – изјави претседателката Џенифер Сафавиан. 

Политика.рс

Слично

Поврзани вести