Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНКА ЗАГИНА НА ДУРМИТОР: Давала знаци на живот додека траела спасувачката акција

ГЕРМАНКА ЗАГИНА НА ДУРМИТОР: Давала знаци на живот додека траела спасувачката акција

Триесетгодишна Германка загинала денеска додека планинарела во пределот на Боботов Кук на Дурмитор, соопшти полициската управа на Црна Гора.

Потврдена е смртта откако била пренесена во Клиничкиот центар на Црна Гора. Зоран Војиновиќ од Планинската спасувачка служба на Жабљак изјави дека несреќата се случила околу 13 часот и 30 минути.

- Понатамошни активности беа преземени од Армијата на Црна Гора, со хеликоптер, бидејќи, според првите информации, германската државјанка давала знаци на живот и ќе ни требаше многу време да стигнеме до неа - изјави Војиновиќ.

ФОТО: YouTube

Слично

Поврзани вести