ГЕРМАНИЈА: Зошто хемиската индустрија е под притисок?
Хемиската индустрија во Германија е сè уште под притисок, а деловната клима се влоши во мај, според актуелниот извештај на Институтот за економски истражувања IFO од Минхен.
„Американската царинска политика и структурните проблеми ставаат дополнителен товар врз хемиската индустрија“, изјави аналитичарката за индустријата на IFO, Ана Волф.
Според извештајот, германските хемиски компании сè уште ја оценуваат ситуацијата во нивните книги за нарачки како исклучително лоша, додека прогнозите за извоз дополнително се намалија.
Компаниите наведуваат дека ги изгубиле своите позиции во глобалната конкуренција - и на европските и на другите пазари.
Слабата побарувачка и зголемените трговски бариери ги принудуваат германските компании да нудат попусти и да почнат програми за штедење, а многу компании планираат да го намалат производството и бројот на вработени во наредните месеци, се додава во извештајот.
foto Vladimir Tretyakov / Shutterstock.com
