Германија – Земјата која речиси нема проблем со вработување
Стапката на невработеност во Германија е на најниско ниво од 1990 година досега и Владата очекува дека и понатаму ќе опаѓа, што би можело да ја зголеми потрошувачката и економскиот раст во најголемата економска сила во Европа.
Стапката на невработеност за тековниот јануари изнесува 6,5 одсто, додека во декември 2014 била 6,6 одсто, соопштува германскиот Завод за статистика.
Бројот на невработени се намалил за 8000 во јануари и во моментов има 2,8 милиони Германци без работа.
Германскиот министер за економија Сигмар Габриел изразил очекување дека економскиот раст оваа година ќе биде 1,5 одсто од БДП, исто како и во 2014 година.
Габриел оценил дека воведувањето од 1 јануари на минимална заработувачка од 8,50 евра за час, поволно ќе се одрази на намалувањето на стапката на невработеност, иако економистите се поделени по прашањето на влијанието на таа ноа мерка.
И.Р
