Германија вработува Словенци за чување мигранти: Плата дури 1700 евра!
Околу 50 Словенци веќе се пријавиле да ги чуваат центрите за бегалци во Грманија, а доправа се очекува да навалат...
Германската фирма за обезбедување „Понд“ , која се грижи за одржување на редот во центрите за мигранти и бегалци, објавила во Словенија конкурс со кој бара неограничен број на работници за договор со месечна нето плата од 1700 евра и предизвикала голем интерес кај граѓаните, пишува Слободна Далмација.
Според тамошните телевизии досега 50 пријави за конкурсот пристигнале во Агенцијата за вработување, не само од професионални чувари или луѓе со полициско искуство, туку и од волонтери и активисти кои неодамна им помагале на бегалците при преминот од Хрватска во Словенија во првиот бегалски бран.
Разговорите со претставници на идните работодавачи се одвиваат во Љубљана и Марибор, а голем интерес е разбирлив со оглед на тоа дека во Словенија има околу 6000 работници обезбедувачи кои се слабо платени и воглавно заработуваат околу 700 евра.
Германицте поради се поголемиот прилив на бегалци бараат моментално нови 9000 чувари, а услов за добивање работа е да имаат барем основно училиште и да се на возраст од 19 до 60 години.
