Германија воведува строги правила за енергетските компании
Германската влада планира да им дозволи на производителите на енергија следната година да ги зголемат цените само доколку објективно покажат дека се оправдани, соопшти тамошното Министерството за економија, демантирајќи ги медиумските извештаи дека Берлин планира да ги забрани сите поскапувања на енергенсите за потрошувачите.
- Не секое поскапување е автоматски незаконско - рече портпаролот на Министерството за економија, но додаде дека забраната ќе се однесува на неоправдани поскапувања, пренесе Ројтерс.
Производителите на енергија во Германија мора да докажат дека поскапувањето што го планираат е оправдано, на пример, доколку имаат повисоки трошоци за набавка, додаваат од Министерството.
Весникот „Билд“ претходно објави дека Владата сака да им забрани на сите производители на струја и снабдувачи на гас да ги покачуваат цените следната година.
Владата минатиот месец одобри брзи ограничувања на цените на гасот и електричната енергија како дел од напорите за справување со зголемените сметки за домаќинствата и бизнисите гладни за енергија.
