Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија: Топката е во полето на Грција

Германија: Топката е во полето на Грција

Германското Министерство за финансии денеска изјавило дека сега од Грција зависи дали ќе направи предлози за постигнување на договор со кредиторите, кој ќе ја спаси земјата од банкрот.

„Топката е во полето на Грција“, изјавил портпаролот на Министерството на прес-конференција во Берлин, еден ден откако преговорите во Брисел меѓу Атина и нејзините меѓународни кредитори повторно пропаднаа.

„Единствено од грчката страна зависи дали ќе одговори на предлог на институциите“ - ЕУ, ЕЦБ и ММФ, истакнал портпаролот Мартин Јгер.

Изјавата на Германија е во контраст со зборовите на грчкиот премиер Алексис Ципрас, изјавени за еден локален весник дека „ние ќе чекаме трпеливо додека институциите станат пореални“.

Портпаролот на германското Министерство за финансии предупредил дека „времето истекува“ во преговорите меѓу левата грчка влада и меѓународните кредитори, кои покрај тоа работат „неуморно и со целосна посветеност“.

Слично

Поврзани вести