Германија со петгодишен план за излез на Грција од Еврозоната
Министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле не ги одобрува новите предлози на Грција, кои таа ги обезбедила на доверителите, сметајќи ги за недоволни, тврди весникот Frankfurter Allgemeine Zeitung.
"Работите кои тие ги нудат, се недоволни за модернизација на економијата на земјата и за долгорочен економски раст и одржлив развој", смета Шојбле.
Според него новите предлози на Грција не можат во никој случај да се основа за ново тригодишен договор со доверителите.
Според Германците, Грција има неколку причини за излез од сложената ситуација: Земјата мора да ги промени сите предлози кои во моментов им ги дала на доверителите во најкус можен рок. Заедно со тоа таа треба да предаде средства во вредност од 50 милијарди долари во целниот фонд на еврозоната и така сама да згасне дел од долговите.
Според друга варијанта, Атина треба да си земе "тајм-аут" од преговорите и да ја напушти Еврозоната за пет години. Додека не биде реконструкција долгот на земјата. Цело ова време Грција ќе остане член на Унијата и ќе добива "хуманитарна и техничка помош", вели финансерот број 1 на Германија Шојбле.
