ГЕРМАНИЈА СЕ ВРАЌА ВО ФОРМА: Се зголемил бројот на вработени
Германија на економски план се враќа во форма, и покрај пандемијата.
Ова може да се забележи од податоците за бројот на вработени.
Бројот на невработени во Германија се намали за 108.000.
Mесецoв 2.846 милиони Германци биле без работа, што е за 613.000 повеќе од пред една година, објави Федералната агенција за труд.
Стапката на невработеност во септември се сведе на 6,2 проценти.
Намален е и бројот на работници со скратено работно време.
Германците сепак ќе имаат потреба од нови работници.
Германската економија закрепнува и тоа се гледа во вработувањето.Многу германски компании планираат да вработуваат нови кадри.
Барометарот за вработување, кој го пресметува ИФО институтот за економски истражувања, скокна на 96,3 поени во септември од 95,4 поени во август.
Слично
