Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија се вклучува во спорот за името, притисокот ќе ескалира во наредните седмици!

Германија се вклучува во спорот за името, притисокот ќе ескалира во наредните седмици!
Дипломатски извори велат дека директното вклучување на Меркел во спорот е силен индикатор дека Европа нема да се откаже од притисок врз Македонија за решавање на деценискиот спор, во пресрет на самитот на ЕУ во декември, и дека по примерот на Србија и Косово, ќе се обиде да најде решение и за овој балкански проблем. Германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин се сретна со Метју Нимиц, посредникот во грчко-македонскиот спор за името. Меркел и Нимиц се согласиле дека пречките меѓу Македонија и Грција, ако постои политичката волја, се надминливи. Меркел му се заблагодарила на Нимиц за неговото долгогодишно посредништво во спорот за името, стои во соопштението од германската Влада и го уверила Нимиц дека германската Влада ќе продолжи да го поддржува во неговата натамошна работа. Извори за Дојче веле од Берлин велат дека оваа средба била планирана од порано со цел германската страна да се информира за актуелните движења во спорот околу името директно од медијаторот Нимиц. Не се пренесени никакви конкретни заклучоци ниту ставови. Германската влада исто така во своето соопштение нагласува дека „како ЕУ, така и НАТО повеќепати едногласно одлучија дека решавањето на спорот за името во заемна согласност е предуслов за почеток на пристапните преговори за прием со ПЈРМ“. Дипломатски извори велат дека директното вклучување на Меркел во спорот е силен индикатор дека Европа нема да се откаже од притисок врз Македонија за решавање на деценискиот спор, во пресрет на самитот на ЕУ во декември, и дека по примерот на Србија и Косово, ќе се обиде да најде решение и за овој балкански проблем. Владата во Берлин во дописот до медиумите дава кратка историја на македонско-грчкиот спор за името. Таа потсетува дека грчката Влада се противи на користењето на државното име Република Македонија", на кое полага право нејзиниот северен сосед. Германската Влада потсетува дека двете земји се договорија со Времената спогодба од 13.9.1995 година дека под покровителство на ОН ќе преговараат за решение на спорот за името. Германската Влада појаснува дека го користи називот поранешна југословенска Република Македонија", под кој земјата сега е членка на ОН.  
Слично

Поврзани вести