Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија се спаси, друга земја ќе влезе во рецесија

Германија се спаси, друга земја ќе влезе во рецесија

Германија избегна рецесија, но сега САД ќе биде на удар. Барем така говорат прогнозите. 

Повеќе од три четвртини од економистите во новото истражување очекуваат САД да влезе во рецесија до крајот на 2021-ва година, иако мнозинството се уште смета дека Федералните резерви ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во оваа година, објави „Блумберг„.

Десет проценти од интервјуираните економисти посочуваат дека рецесијата ќе почне уште оваа година, за 42% тоа ќе се случи следната година, додека 25% очекуваат намалувањето на економијата да почне во 2021-ва година, покажуваат податоците од истражувањето на американската Национална асоцијација за бизнис економија, објавено денеска.

Другите економисти предвидуваат инфлација по 2021-ва година или не дадоа мислење. Истражувањето беше спроведено помеѓу 30-ти јануари и 8-ми февруари меѓу 300 економисти.

За Германија, германскиот министер за финансии Олаф Шолц направи позитивна прогноза за идната економска состојба на земјата, и кажа дека таа сигурно ќе успее да ја избегне рецесијата. 

Слично

Поврзани вести