Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија се обидува да ги спречи или ублажи царините на ЕУ за кинеските електрични возила

Германија се обидува да ги спречи или ублажи царините на ЕУ за кинеските електрични возила

Германската влада се обидува да ги спречи новите царини на Европската унија за кинеските електрични возила (ЕВ) или барем да ги ублажи доколку не е можно укинување, пишува Блумберг повикувајќи се на неименувани информирани извори.

Германија верува дека Европската унија ќе може да најде решение во директни преговори со Кина, изјави еден од изворите.


Берлин е убеден дека се уште има простор за договор со Пекинг за ЕВ пред тарифната одлука да стапи на сила на 4 јули и верува дека некои други членки на ЕУ го делат нејзиниот став, додаде изворот, пренесува Танјуг.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести