Германија сака да и помогне на Ирска
Германија бара начини да помогне на владата во Даблин да се избори со должничката криза, изјави портпаролот на владата во Берлин, Штефен Зајберт.
Портпаролот Зајберт за новинарите во Берлин изјавил дека до проблем со ирските банки дошло поради посебни околности, но дека германската канцеларка Ангела Меркел и премиерот на Ирска Енда Кени, во неделата разговарале за можните начини да се одвои проблемот во банките од јавниот долг на Ирска.
Слично
