Германија размислува на преговори за грчкиот долг
Социјалдемократот Ингрид Арнд Брауер, кој ја предводи комисијата за буџет во германскиот парламент, смета дека треба да се седне на маса и да се разгледаат можностите за намалување на каматите на кредитите и продолжување на роковите за исплата на грчкиот долг.
“Со новата влада, која ќе победи на изборите, ќе се разговара за намалување на каматите на кредитите и продолжување на роковите за исплата”, изјави за Блумберг, Ингрид Арнд Брауер.
Претставници на Ангела Меркел објаснија дека остануваат отворени за дискусија за начинот на плаќање на грчкиот долг, кога ќе биде избрана новата влада, но отфрлаат секаква опцијата тој да биде отпишан.
Според последните препораки на двете најголеми германски партии најверојатно треба да му се помогне на Самарас, кој, за разлика од лидерот на СИРИЗА Ципрас сака олеснување на плаќањето, но не и простување .
Слично
