Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА: Работат прекувремено за чесно да заработат

ГЕРМАНИЈА: Работат прекувремено за чесно да заработат

Оние кои најмногу работат во Германија, најмногу и заработуваат, покажува истражувањето на германскиот Завод за вработување. 

Над 40% од вработените во Германија неделно работат по 5 часа прекувремено, а 5% работат по 10 часа неделно прекувремено. 

Оние кои годишно заработуваат помалку од 30.000 евра работат во просек по 2 часа прекувремено во текот на неделата. 

Луѓето кои земаат по 120.000 евра или повеќе годишно, работат по 10 часа неделно прекувремено. 

Младите до 20 години прекувремено работат по 2 часа неделно, а оние кои се постари од 60 години и по 3.6 часа. 

Прекувремено најчесто работат советниците во фирмите и вработените во трговија. 

Од нив две третини не добиваат надомест за својата прекувремена работа. 

Слично

Поврзани вести