Германија повеќе не е ветената земја: Работниците масовно губат надеж, бројките од најновото истражување се поразителни
Четири од 10 вработени во Германија не веруваат дека ќе можат да работат до законската возраст за пензионирање, според ново истражување засновано на анализа на Индексот за добра работа на DGB.
Според резултатите од анкетата, во која учествувале речиси 28.000 вработени во периодот од 2022 до 2026 година, 53 проценти од испитаниците веруваат дека можат да ја работат својата работа без ограничувања до пензионирање, додека 40 проценти изразуваат сомнежи за оваа можност , објави „Шпигел“.
Во одредени сектори, процентот на вработени кои не веруваат дека ќе можат да работат до пензионирање е значително поголем: во водовод, греење и санитарни работи 72 проценти, во нега 71 процент, во нега на стари лица 67 проценти, во градежништво 66 проценти и во грижа за деца 57 проценти.
Истражувањата покажаа дека главните причини за сомнеж се високиот физички напор, стресот, бучавата, долгите работни денови и ограничените можности за подобрување на здравјето на работното место.
Претседателката на германската конфедерација на синдикати DGB, Јасмин Фахими, оцени дека резултатите се „горчлива реалност“ и предупреди дека условите за работа не можат да се игнорираат во пензиската политика.
Таа повика на подобри услови за работа и пофлексибилни транзиции во пензионирањето, наместо дополнително зголемување на возраста за пензионирање.
Во Германија моментално се води дебата за реформа на пензискиот систем.
Предлозите вклучуваат усогласување на старосната граница со очекуваниот животен век, укинување на предвременото пензионирање на 63 години, проширување на осигурената база и други промени предложени од пензиската комисија.
Блиц.рс