Економија, финансии, бизнис

Контакт

ГЕРМАНИЈА ОДЛУЧИ: Ќе ги протерува сите „азиланти“ од балканските земји!

ГЕРМАНИЈА ОДЛУЧИ: Ќе ги протерува сите „азиланти“ од балканските земји!
Германското Министерство за внатрешни работи подготви нов предлог-закон со кој ќе се обиде да го намали бројот на лажни баратели на азил од земјите од Западниот Балкан во Германија. Новиот предлог-закон е исклучително рестриктивен и предвидува доколку државјанин на некоја од овие земји поднесе барање за азил во Германија, тој да мора во рок од 7 дена да ја напушти земјата, без право да се жали на одбиената молба за азил, а ќе нема право и на никаква социјална и финансиска помош за враќање во матичната држава. Статистичките податоци покажуваат дека секој четврти барател на азил во Германија доаѓа од балканските земји. Најголемиот дел од нив се од Србија, но и Македонија е високо на листата. Сите барања за азил на државјани од овие земји се одбиваат затоа што Германија смета дека во нивните земји нема услов за тие да бидат политички прогонувани. Во полициска акција МВР денеска уапси три лица за кои се смета дека организирале патувања на баратели на азил од Македонија за Германија. Со комбе со германски регистарски таблички, преку Косово, осомничените ги носеле азилантите до Германија, а за услугата им наплаќале одредена сума пари.
Слично

Поврзани вести