Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија одговори зошто нема да се откаже од рускиот гас

Германија одговори зошто нема да се откаже од рускиот гас

Германија нема да забрани увоз на руски гас. 

Германската шефица на дипломатијата, Аналена Баербок, ја отфрли можноста за забрана за увоз на руски гас, затоа што Берлин не верува дека енергетското ембарго ќе ја натера Русија да се откаже од воената акција во Украина.

„Ако наметнувањето на целосно ембарго утре може да ја запре оваа војна, тогаш тоа ќе го направиме веднаш. Таквата забрана само би ја зголемила цената на оваа војна. Но, нема да може да го запре убиството“, рече Баербок во интервју за германскиот сервис Тагесшау. 

Баербок, вели дека ЕУ како целина работи на тоа да стане помалку зависна од рускиот гас. 

По масакрот во Буча, Украина бараше ембарго на рускиот гас и нафта. Тие порачаа дека парите кои се даваат за рускиот гас и нафта се крвави пари, и дека Русија убива цивили. Русија ги отфрла обвинувањата за убивање и мачење на цивили. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести