Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија: Нема зошто да разговараме за олеснување на грчкиот долг

Германија: Нема зошто да разговараме за олеснување на грчкиот долг

Германија изјави дека во моментов нема основа за разговори со Грција за нова спасувачка програма или отпишување на долгот.

Тоа го изјавил Штефан Заиберт, портпарол на германската канцеларка Ангела Меркел во изјавата пред новинарите, по одржувањето на вчерашниот референдум во Грција, на кој беа одбиени предложените  реформи на доверителите.

„Во светлината на вчерашната одлука на грчкиот народ, нема основа за започнување на преговори за нова спасувачка програма“, додал уште Заиберт.

Во соопштението се вели дека Грција треба да дејствува ако сака да остане во единствениот монетарен сојуз. „Од Грција зависи да направи нешто околу тоа. Чекаме да видиме какви предлози ќе направи грчката влада на своите европски партнери“, дополнил тој.

„Не станува збор за луѓе, туку за позиции“, коментираат од Берлин по повод оставката на министерот за финансии Јанис Варуфакис.

Во однос на прашањата на Атина за преструктуирање на долгот, портпаролот на германското Министерство за финансии Мартин Јегер изјавил дека не гледа „причина за започнување на дискусии“ за тоа.

Денес министрите од Еврогрупата изјавија дека очекуваат нови предлози за реформи од Владата во Атина за време на состанокот во вторникот.

„Еврогрупата ќе разговара за ситуацијата по референдумот во Грција, кој се одржа на 5 јули 2015 година. Министрите очекуваат нов предлог од грчките власти“, се вели во соопштението на Еврогрупата.

Слично

Поврзани вести