Германија: Нема помош за Грција без пакет на реформи
Германија соопштила дека евентуалното продолжување на програмот за финансиска помош на Грција е неразделен од реформите на кои Атина се согласила во рамки на претстојниот програм.
„Целосно е невозможно да се продолжи тој програм без договорени реформи. Програмот и реформите се неразделни“, изјавил портпаролот на германскиот министер за финансии Волвганг Шојбле, Мартин Јегер, пренесува Франс прес.
Грчката влада најави дека ќе побара шестмесечно продолжување на програмата која истекува на 28 февруари, но и дека не сака тоа да го направи под постоечките услови.
Постоечкиот аранжман вклучува драстички мерки на штедење во замена за финансиската помош на ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.
Министрите за финансии на еврозоната на состанокот во понеделникот именувале пет услови за продолжување на помошта на Грција, вклучувајќи задолжително продолжување на договорените реформи. Според преостанатите услови, Атина не смее да покрене нови реформи кои додатно би ги оптеретиле јавните финансии и мора да ги исплати парите кои ги добила.
Слично
