Економија, финансии, бизнис

Контакт

Германија нема да ја извади Турција од калта?

Германија нема да ја извади Турција од калта?

Германија нема да помогне Турција да ја надмине кризата поврзана со брзото поевтинување на турската лира. 

Германија не размислува за финансиска помош за Турција, беше кажано на 20 август, а сега истото е повторено.

Весникот „The Wall Street“ неодамна напиша дека германската Влада размислува да обезбеди итна финансиска помош на својот сојузник во НАТО.

Случајот со американскиот свештеник, суден во Турција под обвинение за тероризам и шпионажа, е основа на дипломатска криза помеѓу Анкара и Вашингтон.

Падот на цената на турската лира, која загуби околу 40% од цената во однос на доларот од почетокот на годината, доведе до забрзување на инфлацијата и наметна дополнителен притисок врз компаниите и граѓаните, кои имаат кредити во странска валута.

Заканата од евентуално неисполнување на обврските на кредитите е надвисната над турските банки.

Слично

Поврзани вести