Германија најмногу бара македонска стока-Зад неа соседите!
Македонските компании во првите осум месеци од 2016 најмногу тргувале со првите соседи Грција, Бугарија и Србија, додека Германија е најголем трговски партнер на Македонија.
Ова е заклучокот на последната статистика на Државниот завод која бележи дека вкупната вредност на извесни стоки од јануари-август 2016 година, изнесува 171 989 579 илјади денари и бележи пораст од 6.2% во однос на истиот период од претходната година.
Што се однесува до вредноста на увозот таа изнесува 242 511 286 илјади денари или 5.7% повеќе од лани.
Трговскиот дефицит изнесувал 1,72 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-август 2016, изнесува 70.9%.
Најмногу се катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката, додека најмногу сме увезувале платина и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и електричната енергија.
