Германија ќе гради терминали за гас „со брзина на светлината“
До крајот на оваа година ќе бидат пуштени во употреба два од четирите терминали за течен природен гас (LNG) што ги подготви Германија, изјави министерот за економија Роберт Хабек.
Владата има за цел да ја намали зависноста од рускиот гас што е можно поскоро, рече министерот, додавајќи дека првите две станици ќе бидат во Брунсбител, Шлезвиг-Холштајн и Вилхелмсхавен во Долна Саксонија. Останатите две станици ќе бидат готови во мај 2023 година, додаде тој.
По правило, појасни Хабек, изградбата на инфраструктурата трае пет години, но сега ќе биде завршена за неколку месеци, „со брзина на светлината“. Овде правиме нешто што Германија одамна не го доживеала“, рече министерот за економија.
Минатата недела, германската новинска агенција dpa откри дека владата подготвува легислатива што ќе предвиди брзи процедури за одобрување за изградба на пловечки и внатрешни терминали за LNG во северна Германија.
„Целта на законот е сите процедури за одобрување и лиценцирање и доделување јавни договори и концесии да се направат многу побрзо отколку што е можно со сегашното законодавство, со цел да се постигне што побрза интеграција на ЛНГ на германскиот пазар“, гласи владиниот документ.
