Германија ќе продолжи со контрола на границата со Австрија
Германија нема намера да ја укинува контролата на границата со Австрија, воведена поради огромниот прилив бегалци во земјата.
Формално рокот истекува на 13 февруари, но ќе биде продолжен. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи на СРГ Томас де Мезиер пред ТВ MDR.
Контролата на австриската граница беше воведена на 13 септември 2015 година. Но, тоа не значи дека во земјата не се пуштаат бегалци, кои одат по овој пат.
Германија во секој случај е должна да им дава азил на Сиријците кои пристгнуваат, бидејќи во согласност со меѓународното право не смее да се депортираат мигранти во земјите каде има борбени дејства.
Граничната контрола подразбира дека сите бегалци централизирано се регистрираат во Баварија, се товараат во автобуси и се губат по засолништата на целата територија на Германија, односно од 13 септември минатата година тие не патуваат неконтролирано по земјата.
